Митевски следните четири години во првиот тим на МЗТ Скопје

Митевски потпиша нов четиригодишен договор со МЗТ Скопје Аеродром/Фото: mztskopjeaerodrom.mk

Капитенот на кадетската, јуниорската и младинска репрезентација на Македонија и доскорешен лидер на МЗТ Скопје УНИ Банка, Дарио Митевски (19 год, 190 см), денеска и официјално е „прекомандуван“ во првиот тим и актуелен шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Митевски потпиша нов четиригодишен договор со важност до крајот на натпреварувачка сезона 2024/25.

Станува збор за првата од многуте успешни приказни во најава поврзани со младинската школа на МЗТ и со инвестицијата во втор сениорски прволигашки тим, кој почнува да функционира онака како што беше замислено – како расадник на таленти кои во следниот период гордо ќе го носат „сино-белиот“ дрес на највисоко ниво.

Митевски е дете на МЗТ Скопје Аеродром, каде што ги направи првите кошаркарски чекори уште на 13 годишна возраст и кој се очекува да биде светла иднина и еден од следните лидери на клубот.

Талентираниот плејмејкер веќе се аклиматизира во првиот тим, каде што се очекува да добие шанса веќе и во претстојната сезона, како опција за организирање на играта заедно со Американецот Дастин Вер и репрезентативецот Кристијан Николов, кои истовремено ќе бидат негови ментори во обидот што побрзо да дојде до највисокото можно ниво.

Селекторот на атлетичарите е новиот кондициски тренер на МЗТ Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот