Селекторот на атлетичарите е новиот кондициски тренер на МЗТ Скопје

Кристијан Кајчевски е воедно поранешен репрезентативец во традиционално карате/Фото: mztskopjeaerodrom.mk

Поранешниот македонски репрезентативец во традиционално карате и актуелен селектор на атлетската национална селекција, Кристијан Кајчевски, е новиот кондициски тренер на МЗТ Скопје Аеродром, кој во иднина ќе биде задолжен за физичката подготовка на „штрковите“.

Станува збор за еден од најдобрите во својата професија во Македонија, кој изминативе години соработуваше со повеќе клубови во разни спортови, како и со кошаркарските репрезентации во повеќе возрасни категории.

Тој воедно работи индивидуално со спортисти од сите профили со цел да придонесе за нивниот напредок во делот на експлозивноста, силата, координацијата и кондицијата.

Популарниот Кајче, кој воедно е и професор во ДСУ „Методија Митевски-Брицо“, во следниот период целосно ќе им се посвети на потребите на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, со цел да ги подобри нивните перформанси и да го извлече максимумот од секој поединец.

Тренерот Дарко Радуловиќ со аквизицијата на Кајчевски во стручниот штаб добива докажан и признат професионалец, кој дефинитивно ќе ги крене стандардите на работата и ќе придонесе во обидот да се остварат најдобрите можни резултати на домашна и меѓународна сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот