Мислите дека е „Despacito“? Не, ова е најслушаната песна во последните 10 години!

принтскрин/јутуб

На еден сајт за слушање музика објавена е листа со најслушаните песни, албуми и изведувачи во последните 10 години, а откриле дека изведувачот чија музика луѓето најмногу ја слушаат е Дрејк.

профимедиа

Раперот собрал повеќе од 28 милијарди кликови, а неговата најпопуларна песна „One Dance“ е преслушана 1,7 милијарди пати. На второ место е Ед Ширан, а потоа се Пост Мелоун, Аријана Гранде и Еминем.

Најслушана песна на деценијата е „Shape Of You“ на Ед Ширан која е преслушана 2,4 милијарди пати.

профимедиа

Најслушана песна за 2019-та година е „Senorita“ од Шон Мендес и Камила Кабељо,.

Песната е објавена во јуни, а оттогаш е преслушана милијарда пати. Веднаш после неа се нашла песната на Били Ајлиш „Bad Guy“ со 900 милиони кликови.

профимедиа

Били Ајлиш се нашла и на врвот на најпопуларните албуми со својот дебитантски албум „When We All Fall Asleep Where Do We Go“.

Веруваме дека сте ја слушнале многу повеќе пати од еднаш, но еве за потсетување, но уживајте во неа повторно…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот