Министерството за правда го подготвува барањето за екстрадиција на Игор Спасов, осудениот за убиството на Мартин Нешковски

Министерството за правда во тек на наредните денови ќе ја комплетира потребната документација за поднесување барање за екстрадиција на Игор Спасов, осудениот поранешен припадник на специјалните едници на МВР за убиство на Мартин Нешковски, кој вчера беше уапсен во Бугарија.

– Ако лицето е во притвор државата има рок од 40 дена за поднесување барање за екстрадиција, но веруваме дека во следните денови ќе ги прибираме потребните документи и до бугарските власти ќе поднесеме барања за екстрација на лицето Игор Спасов, велат за МИА од Министерството за правда.

Според извештајите на бугарските медиуми Спасов бил уапсен вчера околу 15 часот во населбата „Младост” во Софија.

Случајот „Нешковски” се случи во 2011 година на градскиот плоштад во Скопје, во време кога ВМРО-ДПМНЕ ја славеше победата на предвремените парламентарни избори. Тоа време осудениот Спасов, како дел на обезбедувањето, младиот Мартин Нешковски го претрпа до смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот