Милијана Рељиќ не успеа да обезбеди норма за Олимписките игри во Париз

/фото: facebook.com/Taekwondo-klub-Tigri-Skopje-Macedonia

После Дејан Георгиевски, и Милијана Рељиќ не успеа преку квалификациите да обезбеди норма за учество на Летните олимписките игри во Париз.

Македонската таеквондистка на квалификацискиот турнир во Софија, Бугарија, беше поразена од Холанѓанката Ами Минк со 2:0 во рунди.

Во текот на втората рунда Рељиќ од 0:1 стекна предност од 5:1, но судиите донесоа одлука да ги избришат нејзините поени.

Така, таеквондото кое требаше да ни биде главниот спорт преку кој се надевавме најмногу на олимписки медал годинава ќе остане без македонски учесници во Париз.

Според најавите Рељиќ ќе се обиде да освои медал на Европското првенство во мај во Белград, Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот