Дејан Георгиевски нема да го брани сребрениот медал на ЛОИ во Париз

Фото: Македонска Tаеквондо Федерација, Macedonian Тaekwondo Federation WT

Најдобриот македонски такевондист, Дејан Георгиевски остана без олимписка норма и нема да го брани освоениот сребрен медал.

Денеска на квалификацискиот турнир за ЛОИ 2024 во Париз Георгиевски беше поразен со 1:2 од белорускиот репрезентативец, Плонес. Со овој пораз Георгиевски ги загуби шансите за пласман, а со тоа надежта за нов поход по олимпсики медал.

Сребрениот медал во Токио ќе остане најголем успех на македонскиот репрезентативец кој во иднина ќе чека шанса за повторување или постигнување поголем успех.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот