Мили Боби Браун/ Дејвид Харбор - Фото: EPA

Мили Боби Браун го тужи колегата Дејвид Харбор за вознемирување и малтретирање

Непосредно пред премиерата на последната сезона од серијата „Почудни нешта“ (Stranger Things), во јавноста протекоа сериозни тврдења за нарушениот однос меѓу актерите.

Како што пишува „Дејли мејл“, главната ѕвезда Мили Боби Браун (20) поднесе формална тужба против својот колега Дејвид Харбор (49), со кого ги дели клучните сцени во серијата.

Наводно станува збор за документ од повеќе страници со бројни обвинувања за вознемирување и злоупотреба, иако изворите нагласуваат дека жалбите „не биле од сексуална природа“. Внатрешната истрага, пишуваат странските медиуми, траела со месеци, но нејзините резултати сè уште не се познати.

Иако инцидентот наводно се случил кон крајот на 2023 година, протекувањето на информациите се случи непосредно пред петтата и последна сезона од серијата, привлекувајќи дополнително внимание од јавноста. Ситуацијата се случува во чувствителен момент за Харбор, само неколку дена откако неговата поранешна сопруга, пејачката Лили Ален, издаде албум за кој се вели дека содржи скриени референци за нивната турбулентна врска.

Во „Почудни нешта“, Харбор го игра Џим Хопер, додека Браун ја игра Илевен, неговата посвоена ќерка. Бидејќи нивните ликови беа повторно заедно во финалето на четвртата сезона, се очекува дека повторно ќе споделат бројни сцени во новите епизоди. Нетфликс сè уште официјално не ги коментираше обвинувањата, но обожавателите веќе се поделени помеѓу поддршката за Браун и изненадувањето од обвинувањата против Харбор, кој е познат како „добриот дух“ на продукцијата.

За потсетување, премиерата на последната сезона на „Stranger Things“ е закажана за 26 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот