Мики Маус денес слави 91-ви роденден!

Фотографија: YouTube

На денешен ден 1928 година, Мики Маус за прв пат се појави во звучниот цртан филм „Парабродот Вили“ (Steamboat Willie).

„Парабродот Вили“ е краткометражен цртан филм кој го режирале Волт Дизни и Уб Иверкс. Во црно-бела боја, од продуцентската куќа Walt Disney Studios.

Во ова остварување прв пат се појавува Мики Маус, како и неговата девојка Мини. Ова е воедно и првиот филм на Дизни со синхронизиран звук, како и прво остварување со оригинална музика. Волт Дизни давал глас за сите ликови, иако е мала количината на разбирлив говор.

YouTube

Веднаш после премиерата на „Парабродот Вили“ тој стана најпопуларниот цртан на своето време.

Филмот доби позитивна критика на глобално ниво, не само поради работата и ликовите, туку и поради техничката иновација.

Во 1994 година „Парабродот Вили“ е ствен во листата 50 најдобри цртани филмови на сите времиња, завземајќи го 13-то место. Американскиот Национален филмски регистар го карактеризарал како „културолошки, историски и естетски значајно остварување“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот