Мик Шумахер: Разочаран сум што останав без место во Формула 1

Мик Шумахер ќе го напушти тимот на „Хас“/фото: Antonin Vincent/DPPI/LiveMedia / Shutterstock Editorial / Profimedia

Возачот на германскиот „Хас“, Мик Шумахер изјави дека ќе направи сè за да се врати во шампионатот во Формула 1, пренесуваат британските медиуми.

„Хас“ одлучи пред последната трка сезонава за Големата награда на Абу Даби да не го продолжи договорот со Шумахер, а наместо него следната сезона во американскиот тим ќе биде Германецот Нико Хулкенберг. Покрај Хулкенберг, за „Хас“ следната сезона ќе вози и Кевин Магнусен.

– Ова ќе биде мојата последна трка за тимот на „Хас“. Не можам да сокријам дека сум многу разочаран од одлуката да не го продолжи мојот договор. Им благодарам на „Хас“ и „Ферари“ за оваа можност. Пораснав со нив и лично и технички. И кога беше најтешко, сфатив колку го сакам овој спорт. Заслужувам место во Ф1 и ќе се борам напорно да се вратам – вели Шумахер.

Германскиот возач, синот на легендарниот Михаел Шумахер, минатата сезона дебитираше во Ф1, а годинава освои вкупно 12 поени.

Трката за Големата награда на Абу Даби ќе се вози во недела од 14.00 часот.

Ф1: Хаас ќе го откачи, Мерцедес ќе го спасува Мик Шумахер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот