Ф1: Хаас ќе го откачи, Мерцедес ќе го спасува Мик Шумахер

EPA-EFE/TOM WHITE

Синот на Михаел Шумахер ќе добие отказ од неговиот сегашен тим Хаас, а можеби ќе премине во Мерцедес како резервен возач

Тимскиот директор на Мерцедес, Тото Волф, навести дека Мик Шумахер би можел да добие улога во Ф1 тимот следната година, откако беше објавено дека тој ќе биде отфрлен од Хаас на крајот на сезонава.

Синот на легендарниот Михаел Шумахер се бореше да импресионира во текот на сезонава, но се здоби со репутација на возач што предизвикува несреќи и големи штети за тимот за кој возеше. Изгледа дека од 2023 година во Хаас ќе биде заменет со Нико Хулкенберг.

Се очекува веста да биде објавена на трката за Големата награда на Абу Даби овој викенд, а раководството на Хаас веќе ја донело одлуката.

Сепак, Волф сугерираше дека Шумахер би можел да биде „драфтуван“ како резервен возач во Мерцедес, зборувајќи за неговото воодушевување од младиот германски возач.

– Не го кријам фактот дека семејството Шумахер припаѓа на Мерцедес и дека многу го цениме Мик. Многу – им изјави Волф на новинарите.

Се верува дека „сребрените стрели“ се во потрага по нов тест и резервен возач пред следната сезона. Луис Хамилтон и Џорџ Расел, се разбира, ќе ги репризираат своите вообичаени улоги за Мерцедес во 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот