Михаела Лазаровска урна 14 години стар рекорд во скок во височина

Михаела Лазаровска (АК Центар) го надмина остварувањето на Сања Илиевска//Фото: Атлетска федерација на Македонија

Викендов во Скопје се одржа атлетскиот младински Куп на Македонија. Падна еден рекорд, истиот го постави Михаела Лазаровска од АК Центар.

На Арената „Тодор Проески” во Скопје овој викенд се одржа атлетскиот младински Куп на Македонија. Дводневната програма беше исполента со 16 дисциплини, учество земаа по девет тима во машка и во женска конкуренција.

Во центарот на вниманието се најде Михаела Лазаровска. Членот на АК Центар урна рекорд стар 14 години. Во дисциплината скок во височина, таа го надмина остварувањето на Сања Илиева АК Кавадарци.

Лазаровска прескокна 167 сантиметри, еден повеќе од Илиева во 2007 година, и стана нова рекордерка во дисциплината скок во височина кај дамите во младинска категорија.

Севкупен победник на младинскиот Куп на Македонија е АК Работнички со 75 бодови, голем дел од нив или вкупно 59 овој клуб ги освои во машка конкуренција. На второто место на севкупниот пласман се најде АК Центар со 60 бода, зад него е АК Делта со седум бода помалку, по што следуваат АК Куманово, АК 7-ми Мај, АК Лириа, АК Дрини Старт, АК Олимп и АК Охрид.

Работнички доминираше во машка конкуренција, со 59 бода, додека во женска конкуренција убедливо најдобар беше АК Центар со 60 бода.

Сликата од Арената „Тодор Проески” беше прекрасна, на едно место продефилираа голем број на идни македонски атлетски ѕвезди, а Купот на Македонија се одигра согласно со насоките на надлежните институции во време на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот