Христијан Мицкоски / Фото: Фејсбук

Мицкоски од Давос најави заживување на енергетските проекти „Чебрен“, „Галиште“, „Бошков Мост“…

Премиерот Христијан Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос учествувал во панел-дискусија на тема енергетика и впечатоците ги сподели на „Фејсбук“. Мицкоски вели дека потребите за струја во светот ќе растат со стапка повисока за два и пол пати и дека Македонија „нема да биде нем набљудувач“ на оваа состојба.

Мицкоски најави заживување на „можеби заборавените“ енергетски проекти, како хидроцентралите „Чебрен“, „Галиште“ и „Бошков Мост“.

„И тука, ние како Македонија, како држава, не смееме да бидеме нем набљудувач, туку треба да бидеме активен чинител и активен учесник и тука повторно треба да ги рестартираме сите оние можеби заборавени енергетски проекти од минатото, како што се Чебрен и Галиште, Бошков Мост и останатите. И да го понудиме потенцијалот за инвестиции во обновливи извори на енергија на голем број од инвеститорите кои покажаа несомнен интерес во дискусиите по завршувањето на панелот“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот