„Еко свест“ со отворено писмо до Мицкоски: Изградбата на „Бошков мост“ ја загрозува репродуктивната средина и опстанокот на балканскиот рис
Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ во Скопје испрати отворено писмо до премиерот Христијан Мицкоски, изразувајќи загриженост за можното реактивирање на проектот за хидроцентралата „Бошков мост“. Пред околу две недели, премиерот Мицкоски најави заживување на „можеби заборавените“ енергетски проекти, како хидроцентралите „Чебрен“, „Галиште“ и „Бошков Мост“ поради растот на потребите за струја. …

