МИ: Трајковски поради позитивен ПЦР тест ќе го пропушти финалето во скок во далечина

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски/Фото: facebook.com/Andreastrajkovski93

Според атлетскиот клуб „Работнички“, лоши вести доаѓаат од Медитеранските игри во Оран, Алжир.

Поради покачена температура во изминатото деноноќие и позитиве ПЦР тест Андреас Трајковски ќе го пропушти денешното финале во скок во далечина.

АК „Работнички“ на македонскиот атлетичар му посакува лесно и брзо закрепнување.

– Многу сум тажен заради настанатата ситуација, затоа што моја најголема цел за оваа сезона беше да освојам медал за Македонија на Медитеранските игри во Оран. Тренинзите се одвиваа според предвидената динамика до вчерашниот ден, бев во одлична форма, но за жал Господ имал други планови за мене. Ќе се вратам уште посилен после ова – вели Трајковски.

Претходно македонската атлетика во Оран ја претставуваше Дрита Ислами која го освои деветтото место во дисциплината 400 метри со пречки со нејзин најдобар резултат оваа сезона, 59 секунди и 16 стотинки.

Трстена: Борачите успеаја, срамота е што другите македонски спортисти не освоија медал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот