„Ми недостасува лицето кое го имав“ – Камерон Дијаз признава: Станав зависна, тоа ме убиваше! (ФОТО)

камерон дијаз
Фото: Профимедиа

Актерката Камерон Дијаз искрено зборуваше за ботоксот, а потоа открил дека тоа била нејзина катастрофална грешка.

„Ја уништив својата кожа со лошата исхрана. Во младоста честопати доцна навечер го нарачував најголемиот хамбургер и шише газиран пијалак. Поради тоа што бев слаба, можев да јадам сè, но мојата кожа не го поднесе тоа многу добро. Беше во прилично лоша состојба, затоа решив да посегнам по ботокс“, признала Камерон за американските медиуми.

Фото: Инстаграм

„Само два третмани беа доволни за да станам зависна од нив. Тоа ме убиваше. Не знам колку пати сум инјектирала ботокс, но знам дека тоа беше многу повеќе отколку што требаше. Ботоксот го смени моето лице на толку чуден начин, што помислив: „Не, не го сакам тоа, попрво би го гледала моето лице како старее, отколку некое лице кое не ми припаѓа“, раскажа Камерон која сега истакнала дека тоа била најголемата грешка во нејзиниот живот.

Фото: Инстаграм

„Ми недостасува лицето кое го имав во дваесеттите години. Ботоксот ги направи деловите нефлексибилни, па така едно време воопшто не можев да ги поместам образите“, отворено раскажала Камерон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот