Метју Меконахи со семејството: PacificCoastNews / Pacific coast news / Profimedia

Метју Меконахи има милиони, а ги одгледува децата како да зема просечна плата: Тие не треба да имаат ништо повеќе од просечни тинејџери

Метју Меконахи и неговата сопруга Камила Алвес се родители на три деца: Ливио (16), Вида (15) и Ливингстон (12). Понекогаш ги носат со себе на црвениот тепих, а неодамна сите можеа да видат колку многу пораснале децата на познатиот оскаровец.

Метју еднаш зборуваше за правилата за воспитување на своите деца што ги следат тој и Камила.

– Во нашата куќа, лажењето не е дозволено. Не е дозволено да се изговори: „Не можам“, а апсолутно е забрането да го кажете зборот „мразам“. Тие три работи можат да ве вовлечат во големи проблеми во нашата куќа – рече тој.

Најважно за нив е нивните деца да бидат скромни и да не се чувствуваат лошо поради „семејната слава“. Тој исто така истакна дека нивниот џепарлак не е поголем од оној на нивните пријатели од училиште и дека неговите деца имаат слична облека како сите просечни тинејџери.

– Секогаш им велам дека ако децата во училиште им речат: „Се обложувам дека живееш во голема куќа затоа што твојот татко е славен“, немојте тоа да ве обесхрабри. Им советувам да ги погледнат во очи и да речат: „Да, живееме во убава куќа. Татко ми работи навистина напорно за да биде успешен“, рече актерот.

Меконахи сака неговите деца да бидат грижливи и способни млади луѓе, но пред сè, сака да бидат анонимни и да уживаат во животот. Сè што тој го немал во добар дел од својот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот