Металург има пеколен распоред: Четири меча за осум дена!

Фото: rkmetalurg.mk

Ракометарите на Металург од Шпанија се вратија в четврток пред полноќ и го имаа само вчерашниот ден за одмор, пред претстојните предизвици во Лига Европа и во македонската Суперлига.

Денеска тимот од Автокоманда продолжи со тренинзи, во пресрет на пеколните осум дена во кои ќе одигра дури четири натпревари, по два во Лига Европа и првенството на Македонија.

Најпрво „сино-белите“ ги очекува дуелот со Фиверс во Скопје (24.11), а потоа две едноподруго гостувања во македонската Суперлига, против Младост (25.11) и против Бутел (26.11). На први декември, пак, во Скопје ќе им гостува екипата на Чеховски Медведи во нов меч од Лига Европа.

Распоред на претстојните натпревари на ракометниот клуб Металург:

24 ноември: Металург – Фиверс (Австрија)

25 ноември: Младост Богданци – Металург

26 ноември: Бутел – Металург

1 декември: Металург – Чеховски Медведи (Русија)

3 декември: Еурофарм Пелистер 2 – Металург

5 декември: Работнички – Металург

Металург со 41 примен гол се враќа од Шпанија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот