Металург со 41 примен гол се враќа од Шпанија!

Фото: twitter.com/ADEMARLEON

Металург го претрпе и вториот пораз оваа сезона во ракометната Лига Европа, вечерва во Шпанија загуби од Адемар со 41:32.

Можеби и самиот долг пат до Леон си го направи своето, играчите мора да патуваат дури 3000 километри поминати за 43 часа.

Во ниту еден момент од натпреварот „сино-белите“ во Автокоманда не беа во водство, имаше барем некаква резултатска неизвесност во првите 15-20 минути кога ривалот водеше со само два-три голови позитива, но потоа до паузата започна брзата и ефикасна реализација на домаќините.

Шпанците стигнаа и до „плус девет“, нешто беше намалено од негативата, па ривалот имаше „само“ 20:13 по првите 30 минути. Ништо не се промени во вториот дел, Адемар одигра уште подобро, најголемата негова предност изнесуваше 38:24, а до крајот Металург повторно само успеа нешто да намали за конечни 41:32.

Кај нашиот претставник први стрелци беа Поповиќ со осум и Хорват со шест голови, а во победничките редови доминираше Криадо Марчан со осум погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот