Мерил Стрип ги критикуваше модните избори на Меланија Трамп: „Облеката носи порака“
Холивудската глумица Мерил Стрип во едно од своите најнови интервјуа ја критикуваше Меланија Трамп, првата дама на Соединетите Американски Држави. Имено, Стрип се најде на насловната страница на списанието „Вог“ заедно со Ана Винтур, во пресрет на излегувањето на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“, во кој ја повторува својата култна улога на Миранда Пристли.
Препорачано
Разговорот го водеше Грета Гервиг, а во текот на интервјуто беа допрени и политички теми, вклучително и првата дама на САД, Меланија Трамп. Говорејќи за модните пораки во јавниот простор, Стрип издвојува еден од најконтроверзните моменти од 2018 година.
„Мислам дека најсилната порака што ја испрати нашата сегашна прва дама беше преку јакната на која пишуваше ‘Навистина не ми е грижа, а тебе?’ кога одеше да ги посети децата мигранти кои беа затворени. Секоја облека служи за изразување, но исто така сме под влијание на пошироки историски и политички промени и очекувања“, изјави Стрип.
Melania Trump claims she was silenced by ex-press secretary over infamous ‘I really don’t care, do u?’ jacket: report https://t.co/nLyIdtxBEB pic.twitter.com/elcPeoxJ3e
— New York Post (@nypost) October 3, 2024
Меланија Трамп подоцна се обиде да објасни зошто се одлучила за таа јакна, изјавувајќи дека тоа била порака, но дека не ја носела поради децата, туку при влегување и излегување од авионот.
„Беше наменета за луѓето и за левичарските медиуми кои ме критикуваат. Сакам да им покажам дека не ми е грижа. Можете да критикувате што сакате да кажете, но тоа нема да ме спречи да го правам она што го сметам за исправно“, изјави тогаш Меланија Трамп.
Стрип потоа премина од темата за Меланија Трамп на разговор за женската мода, истакнувајќи дека ја изненадува фактот што жените во политиката мора да имаат голи раце на телевизија, за разлика од мажите.
„Зачудена сум како жените на власт мора да имаат голи раце на телевизија, додека мажите носат кошули и вратоврски или одела. Во жените како да е вградено извинување. Тие мора да ја покажат својата ранливост. Тоа е вид компензација: напредокот на жените во втората половина на 20 век и почетокот на овој беше дестабилизирачки. Како жените да мора да кажат: ‘Мала сум. Не можам да одам во овие чевли. Не можам да трчам. Гола сум, не претставувам закана’“, додаде Стрип.
Во филмот „Ѓаволот носи Прада 2“, Миранда Пристли се снаоѓа во турбулентниот современ медиумски свет, а нејзиното печатено списание мора да се прилагоди на новото време. Тука се појавува новата уредничка на списанието, која случајно е поранешната асистентка на Пристли (Енди Сакс, лик што го толкува Ен Хатавеј).
Филмот „Ѓаволот носи Прада 2“ ќе биде достапен во кината од 1 мај.


