Фото: Sergii Koval / Alamy / Alamy / Profimedia

Менемен – турски специјалитет за појадок: Најдобар оброк со кој се почнува денот

Во Турција појадокот е голема работа. Се служи пред кафето, а подразбира дружење и споделување храна. Домаќинствата и турските ресторани подготвуваат многу мали јадења за појадок, а едно од нив е и менемен. Потекнува од провинцијата Измир во Турција, а всушност станува збор за кајгана што се добива со варење на јајцата со свежи рендани домати, зелени пиперки исечкани на коцки и кромид. Вкусот е дополнително збогатен со лук, паста од слатка црвена пиперка, мелен пипер и оригано.

Најмногу се служи за појадок, но не е невообичаено да се јаде и за ручек и за вечера.

Менемен е традиционално турско јадење направено од домати и пиперки, приготвено на сличен начин како што правиме летна манџа со јајца. Во зависност од вкусовите, може да додадете сирење или суџук.

Ако сакате кајгана со зеленчук, ова јадење е одличен избор за вас.

Не го оптоварува желудникот, дава и растителни влакна и протеини, многу заситува, а вкусот е уникатен!

Фото: PxHere

Состојки:

– 4 јајца
– 4 чешниња лук
– 1 кромид
– 2 големи домати
– 1/2 чаша сос од домати
– 1/2 лута пиперка
– 1/2 пиперка
– 2 лажички мелена пиперка
– 1/2 лажичка оригано
– сол, бибер,
– маслиново масло
– магдонос

Фото: Pexels Kübra / Doğu

Подготовка:

Исчистете ги доматите од петелките, бланширајте ги и излупете ги. Користете ги најголемите дупки на рендето, изрендајте ги доматите во сад со средна големина.

Загрејте го маслото во тава, додадете го сечканиот лук и пржете додека не омекне, а потоа додадете го исечканиот кромид. Кога ќе стане проѕирен, додадете ги пиперките. Додајте ги исечените домати и оставете две минути, а потоа додадете доматно пире и други зачини освен власец. Кога ќе бидат готови доматите, скршете по едно јајце во тавата и по десетина секунди нежно измешајте ги во смесата. Нежно мешајте додека јајцата не почнат да се стврднуваат, околу 5 минути. Тргнете од оган.

Бидејќи смесата менемен има многу домати и зеленчук, конзистентноста ќе биде повлажна од обичната кајгана.

Измешајте 1 лажичка црн пипер со 2 лажици маслиново масло во помал сад. Украсете го менеменот со капки од ароматизираното масло и сечкани листови магдонос посипани одозгора. Послужете веднаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот