Мејведер го купува својот омилен клуб од Премиер лигата!?
Околу оваа тема се шпекулираше и во минатото, но ништо не се реализираше. Мајк Ешли и натаму е газда на Њукасл кој никако да го продаде.
Поранешниот боксерски шампион наскоро би можел да биде сопственик на еден клуб од најсилното англиско фудбалско првенство. Оваа интересна вест доаѓа од северот на Англија каде што гостин беше Флојд Мејведер.
Препорачано
Еден од најбогатите спортисти на светот, присуствуваше на еден настан во Њукасл каде што одговараше на прашањата на присутните, а една од темите беше неговата наводна желба да биде сопственик на премиерлигашката екипа Њукасл.
? According to TMZ Sport, Floyd Mayweather is interested in buying a major share of Newcastle United.#NUFC ⚫️⚪️ pic.twitter.com/yAOMsiVQ2k
— Oddschanger (@Oddschanger) March 9, 2020
Околу оваа тема се шпекулираше и во минатото, но ништо не се реализираше. Мајк Ешли и натаму е газда на клубот кој никако да го продаде, иако повеќе пати се обиде тоа да го направи.
– Во САД овој спорт го нарекуваме „сокер“, а фудбалскиот тим на Њукасл е неверојатен – вели Мејведер.
Американскиот таблоид „ТМЗ“ тврди дека доби потврда од Мејведер кој е многу заинтересиран за купување на клубот од „Ст. Џејмс Парк“, но досега нема никакви официјални преговори.
Во својата одлична боксерска кариера заработи повеќе од една милијарда долари, па не е невозможно дел од тоа богатство го одвои за клубот од Премиер лигата каде што сезонава моментно после 29. кола е на 13. позиција.
Од претходно се шпекулира еден спектакл, односно Мејведер би можел да се соочи во рингот со Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов.


