Меѓусебните изневерувања скапо ги чинеа: Славниот Оскаровец се разведува од сопругата по 22 години брак!

профимедиа

Оскаровецот Колин Фирт (59) се разведува од сопругата Ливија после 22 години брак, пренеусваат странските медиуми.

„Колин и Ливи се разделија. Тие имаат блиско пријателство и остануваат обединети во љубовта на своите деца Лука и Матео. Нивното барање е нивното право на приватност да се почитува. Темата веќе нема да се коментира“, изјави нивниот менаџер за односи со јавноста.

59-годишниот Фирт, познат по улогите во продукции како „Говорот на Кралот“ за кој освои Оскар, „Вистинска љубов“, „Дневникот на Бриџит Џонс“, „Гордост и предрасуда“ и 50-годишната Џуџиоли се семејство од 1997 година и имаат две момчиња.

профимедиа

Да се потсетиме, популарниот актер пред две години ја изневери својата сопруга со жената со која некогаш бил во врска. Ливија не му останала должна, па исто така му признала дека била во врска со италијански новинар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот