Медведев: Судење на земја со најголем нуклеарен арсенал би било опасно за светот

Дмитриј Медведев / Фото EPA-EFE/YULIA ZYRYANOVA

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност и поранешен шеф на државата, Дмитриј Медведев, во авторски текст објавен на Телеграм, ја исмева можноста некој од Русија да заврши пред меѓународен суд поради инвазијата врз Украина.

– Обидите да се создадат судови за така наречената истрага за руските операции ги нареков луди. Овие предлози не само што се правно неважечки. Идејата за казнување на земјата која има најголем нуклеарен арсенал е апсурдна сама по себе и потенцијално го загрозува постоењето на човештвото.

Тој повторно прашува – „кој е тој идиот” што повикува на судење на Русија и самиот одговара – САД.

Медведев објавува и листа на воените интервенции на САД по Втора светска војна.

– Виетнам и Кореја, Југославија и Ирак, Авганистан и Сирија знаат колку може да бидат катастрофални последиците од таквите инвазии. Списокот е долг и расте. Америка уби повеќе од 20 милиони луѓе во 37 земји од крајот на Втората светска војна, според студијата објавена од „Глобал рисрч” (Global Research). Размислете – повеќе од 20 милиони! Авторот на таа статија, Џејмс А. Лукас, поставува добро прашање: Колку напади како оние од 11 септември има направено Америка во други земји: Одговорот е околу 10.000, истакнува Медведев на Телеграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот