Медицинско чудо: Бебе борец родено со 765 грама успеало да победи ешерихија коли, сепса и корона

Фото: Профимедиа

Бебе родено 15 недели предвремено, со тежина од 765 грама успешно успеало да победи во борбата против ешерихија коли, сепса и коронавирусот.

Шири Мари (21) и Роберт Едвардс (21) за првпат помислиле дека нивното синче Арчи Едвардс ќе почине уште на први декември, веднаш по раѓањето во Општата болница во Барнли, бидејќи му запрело срцето. Докторите го реанимирале мртвороденото бебе 40 минути, а потоа го приклучиле на респиратор.

Но тоа не било крајот на неговите маки, малиот борец имал само пет недели кога ја добил бактеријата ешерихија коли, која предизвикала сепса. Новите анализи покажале дека има и ковид-19. Родителите стравувале дека ќе го загубат детето и му се молеле на Бога тоа да се извлече.

Арчи успешно ги победил и коронавирусот и сепсата и сега закрепнува на интензивна нега на неонаталното одделение во Општата болница во Барнли. Докторите се надеваат дека во март тој ќе замине дома.

Мајката Шири вели дека отсекогаш мечтаела да стане мајка и дека била пресреќна кога останала бремена. И таа и сопругот многу се исплашиле кога слушнале за целата состојба на Арчи.

Фото: Профимедиа

„Но тој е голем борец, кога прв пат го држев во рацете, чувствував дека е посебен и надреален. Беше така лесен, го ставија на моите гради, а единственото нешто што можев да го почувствувам беше неговата глава“, изјави таа.

Моментот кога за првпат го фатил за рачето, таткото Роберт, го опишува како „најубав во животот“. „Кога ми кажаа дека срцето на бебето не чука, само стоев покрај Шири и ја тешев“, изјави тој.

„Веднаш го ставија на масата во иста просторија, вклучија греалка и им беа потребни 40 минути за да го реанимираат. За мене тоа беше цела вечност. Таму лежеше мојот син, а јас не можев ништо да направам“, изјави таткото.

Кога му соопштиле дека срцето на бебето повторно чука, тој почувствувал голема благодарност.

Но, на пет недели Арчи повторно се разболел. Бактеријата ешерихија коли која предизвикала сепса, а потоа и заразувањето со коронавирусот направиле малиот Арчи да води вистинска борба за својот живот по вторпат.

Фото: Профимедиа

Родителите биле соочени со вистински ужас, се чувствувале беспомошно, а за Арчи кој требало да се роди на 14 март 2021 година, се верува дека би требало да ја напушти болницата токму тогаш, а како што вели неговиот татко, кога ќе го види тој момент ќе биде „најгордиот родител на светот“.

„Не можеме да дочекаме да го доведеме во домот, жив и здрав. Тој е нашето мало чудо и не би можеле да бидеме погорди родители“, изјавија тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот