McLaren рачно направи 20.000 aвтомобили (ФОТО+ВИДЕО)

Пред неколку дена, „McLaren“ го одбележа производството на точно 20.000 автомобили.

Честа да биде јубилејниот рачно произведен суперавтомобил му припадна на моделот „600LT Spider“ во сива боја.

Без оглед на високата цена на нивните модели, „McLaren“ не може да оговори на побарувачката.

Минатата година во погонот во Вокинг беа направени 4.800 примероци, а плановите на компанијата се годишното производство да се зголеми до 6.000 возила.

Тоа е во просек околу 20 едници дневно, рачно направени суперавтомобили.

McLaren“ е еден од ретките производители на суперавтомобили кој одбива да го следи трендот на пазарот и да направи „SUV“ модел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот