Маска за коса од квасец за побрз раст и поубав сјај

квасец
Monika Wisniewska / Alamy / Alamy / Profimedia

Доколку вашата коса е сува или масна, маската од квасец е совршен избор за нејзина нега.

Она што ја прави посебна е што е подеднакво добра за закрепнување на сите типови коса, а особено е добра за спречување на опаѓањето и поттикнување на брз раст на косата.

Квасецот изобилува со витамини и минерали кои го хранат и зајакнуваат влакното, а тоа се витамините: Б комплекс, цинк, железо и бакар.Б комплекс витаминот го храни фоликулот на влакното и посебно придонесува за зајакнување на коренот, а воедно спречува прерана појава на седи влакна.

девојка со маска за коса
Zhanna Danilova / Alamy / Alamy / Profimedia

Железото е исто така важно за здрава коса – го намалува опаѓањето, а носи свеж кислород до самиот корен на влакното и го храни. Минералите како цинк и бакар се важни за одржување на здравјето на кожата на главата. Ако имате намален внес на овие минерали, ќе имате појава на перут, сува кожа и себореја.

За маската од квасец потребни ви се четири состојки што сигурно ги имате веќе дома.

Состојки:

лажиче мед
лажица топло млеко
20 гр свеж квасец
1 жолчка

Подготовка:

Медот се растопува во топлото млеко. Се додава и квасецот. Мешавината од овие состојки ја оставате малку да „расте“. Потоа додадете ја жолчката и заедно промешајте во изедначена смеса.

Оваа маска нанесете ја на влажна коса, рамномерно и чувајте ја замотана во капа за туширање барем четириесетина минути. Потоа измијте ја обилно со вода и додајте малку регенератор.