Масерката Моник Џанелоти/Ендру Маунбатен-Виндзор/Фото: Принтскрин/Фејсбук/Икс

Масерка откри морничави детали: Го масирав принцот Ендру гол во Бакингемската палата!

Ендру Маунтбатен-Виндзор уживал во приватна гола масажа во спалната соба во Бакингемската палата, а сето тоа платено со чек од палатата, открива „Дејли мејл“.

Јужноафриканската масерка Моник Џанелони раскажала за „Дејли мејл“ дека нејзиниот термин со поранешниот принц Ендру во јуни 2000 година го договорила Гислејн Максвел, посредничката на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.

Масерката открила дека била прокриумчарена во Бакингемската палата за да го масира поранешниот принц Ендру, и открила необичен момент поради кој се чувствувала „засрамено“.

Моник рекла дека протераниот британски принц Ендру ги заобиколил строгите безбедносни проверки на палатата и ја однел во својата соба, каде што отишол во тоалетот и се вратил сосема гол. Во собата немало лично обезбедување, ниту внатре ниту пред вратата. Ендру Маунтбатен-Виндзор наводно ја платил голата масажа со чек издаден од Бакингемската палата.

„Откако рече ‘здраво’, тој исчезна во бањата и се врати гол. Го свртев погледот и ми беше многу непријатно“, рекла Џанелони, сеќавајќи се на моментот кога го погледнала голиот Ендру в очи.

Јужноафриканската масерка, која во тоа време била платена 75 фунти, во форма на чек издаден од Бакингемската палата, исто така се присетила колку „брзо“ Ендру ја тргнал крпата од себе.

„Бев толку нервозна бидејќи бев во Бакингемската палата, само го правев она што знам и ако имаше нешто непристојно, всушност не се сеќавам дека го забележав тоа, освен фактот дека тој многу брзо ја тргна крпата од себе“, рекла таа.

Џанелони претходно изјавила за „Дејли мејл“ дека неколкупати ја посетила куќата на Гислејн Максвел во Белгравија, недвижност во која Ендру беше фотографиран со жената што го тужеше – сега починатата Вирџинија Џуфре, а Епстин го опишала како „морничав, расипан и многу претенциозен“.

Масерката рекла дека не била свесна за поврзаноста на Ендру со Епстин. Ендру, на кого минатата година му беа одземени кралските титули, отсекогаш негираше какво било кривично дело поврзано со неговите врски со Епстин.

Тој беше уапсен минатата недела под сомнение за злоупотреба на јавна функција поради наводи дека споделувал документи со Епстин додека бил британски трговски претставник помеѓу 2001 и 2011 година. Ендру (66) се соочува со максимална казна доживотен затвор ако биде осуден за кривичното дело.

Моник Џанелони го масирала пред неговото назначување за трговски претставник. Склоноста на Ендру кон масажи е добро позната. Поранешни британски државни службеници тврделе дека тој со пари од даночните обврзници ги плаќал масажите.

Хуан Алеси во 2009 година, кој работел како домар во вилата на Епстин во Палм Бич, Флорида, исто така тврдел дека Ендру со недели престојувал на имотот и добивал секојдневни масажи.

Мајка од пеколот: Сара Фергусон ги носела своите ќерки на ручек со Епстин и ги откривала нивните тајни

Поранешниот британски принц Ендру е уапсен поради скандалот со Епстин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот