Мартин пред Квартараро за нова пол позиција во Шпилберг

Мартин во последните моменти од квалификациите пред Квартараро/Фото: EPA-EFE/EXPA/JFK

Возачот на „Прамак Дукати“, Хорхе Мартин ја освои пол позицијата за Големата награда на Австрија во Мото ГП шампионатот.

Повторно дојде до пол позицијата во Шпилберг со време 1:22.643. Во последните моменти успеа да биде пред Фабио Квартараро и воедно да постави рекорд на патеката.

Од второто место ќе стартува Квартараро од „Јамаха“, а од третата позиција членот на „Дукати“, Франческо Бањаја.

Квалификациите во Австрија уште еднаш со себе донесоа спектакл. Во првиот дел од квалификациите Мартин покажа дека има ритам за феноменални кругови. Помина прв во првиот квартал без поголеми проблеми, а му се придружи и Мигел Оливеира од КТМ.

Во вториот дел од квалификациите, Квартараро веднаш стапи на сцена. Младиот Французин извозе неверојатен круг, а најголемата разлика ја направи во третиот сектор, што им направи на сите проблем. Се чинеше дека Французинот ќе дојде до уште една пол-позиција, но не беше така. Во последниот круг, Мартин извозе одличен круг и го остави Квартараро зад себе за 34 илјадитинки од секундата.

Во вториот стартен ред ќе бидат Жоан Зарко (Прамак Дукати), Марк Маркез (Репсол Хонда) и Џек Милер (Дукати), а во Топ 10 се и Жоан Мир (Сузуки), Алеш Еспаргаро (Априлија), Мигел Оливеира (КТМ) и Бред Биндер (КТМ).

Трката за Големата награда на Австрија е закажана за в недела во 14.10 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот