Марковиќ: Цвета популизмот во моментов – Дека избори ќе има сигурен сум, останува прашањето што ќе се испазарат партиите

Универзитетскиот професор Ненад Марковиќ, во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, образложувајќи ги истражувањата кои ги прави при справувањето со коронавирусот, вели самите држави, кога е во прашање здравството потфрлија а не ЕУ.

-Очигледно е дека ќе имаме две контра-тенденции, дали повеќе или помалку глобализација и тоа прашање не може да има еден одговор. На пример, на почетокот ЕУ беше обвинувана за спор одговор, дека нема начин за справување со кризата. Но, луѓето не знаат дека ЕУ, здравството го остава да се регулира на национално ниво. Прашањето е дали ЕУ задоцни или има многу малку ингеренции? Нема некаков механизам за брз одговор и дали тоа значи дека ни треба повеќе или помалку Европска унија. Нејзината репутација беше нарушена со оглед на тоа што во четирите најмоќни држави во рамките на ЕУ (Германија, Шпанија, Италија и Франција) имаше најлоши резултати во справување на коронавирусот. Не мислам дека ќе престане таа поларизација помеѓу овие две тенденции, вели Марковиќ.

Тој оценува дека очигледен е јазот на светско ниво и дека кампусите ќе ги тераат тезите во своја полза, но вели, да не заборавиме, онаму каде што ЕУ нема никакви ингеренции, каде беше оставено на суверенитетот на државите, тоа потфрли, односно оти суштината е дека суверенистичкиот систем на државите потфрли.

-Надвор од ЕУ пак, евидентно е дека ќе се префрлиме од она што навикнавме да го гледаме изминативе 50-60 години, конфликтот САД-Русија, ќе се префрли во сосема нов конфликт САД-Кина. Евидентно е дека САД ќе оди до крај да обзнани дека Кина му објави на светот био војна. Одиме во еден поларизиран конфликтен свет кој практично ги разбуди најлошите и најдобри работи. Најдобрите дека конечно научниците на глобално ниво соработуваат и веројатно во рекорден рок ќе добиеме вакцина. Најлошите пак, ги раздлабочи старите ривалства на глобално ниво. Но главното префрлање е конфликтот САД-Русија во САД-Кина. Русија засега е тивка но верувам дека ниту на Путин не му е сеедно па ќе видиме на која страна и со какви ставови ќе излезе Русија, анализира Марковиќ.

Воедно тој верува дека е погрешна тезата оти капитализмот ги создава ваквите закани и го посочи како еден пример Чернобил, кој не се случи во време на капиталитичко општество туку при создавањето на модернизацијата на производствениот процес.

-Цвета популизмот во моментов. Практично она што е надлежност на самите држави, а не на ЕУ како механизам, тоа е она што не успеа да функционира, вели Марковиќ.

Прашан за ставот околу решение на политичката ситуација во Македонија, универзитетскиот професор, смета дека лидерските средби се супститут на нормалниот политички процес и притоа ги образложува добрите и лошите страни на таков дијалог.

-Добрата работа на лидерските средби е што брзо се носат решенија, лошата е што девалвира цел институционален поредок кој би требало да функционира. Еве има иницијатива до Уставниот суд, да видиме дали може да се собере повторно Собранието. Одредени експерти тврдат дека не може да се состане Собранието, ако не треба да има избори, ако Пендаровски не може повторно да свика вонредна состојба, ќе се оставиме во ситуација на комплетен политички вакум кој на подолг рок ќе имаме посериозни последици. Мислам дека тоа што ниту Џафери ниту партиите не можат да се договорат и му ја префрлаат одговорноста на Пендаровски, решението сигурно ќе биде на лидерска средба. Дека избори ќе има сигурен сум, останува прашањето што ќе се испазарат партиите, изјави Марковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот