Маријан Вајда си најде нов ангажман по прекинот на соработката со Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ и Маријан Вајда соработуваа 15 години/фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Маријан Вајда кој во последните 15-тина години работеше со Новак Ѓоковиќ, во иднина ќе работи со словачкиот тенисер Алекс Молчан.

Молчан има 24 години и моментално е на 46. место на АТП ранг-листата што е негов најдобар ранкинг во кариерата, а досега нема освоено ниту една титула во кариерата иако има два настапи во финалињата. Едно од двете финалиња го играше играше во Белград минатата година кога загуби од Ѓоковиќ.

Словакот со Ѓоковиќ соработуваше во два наврати – од 2006 до 2017 и од 2018 па се до минатиот месец која ја прекинаа соработката.

Вајда претходно има соработувано и со Карол Кучера, а беше и селектор на словачките Дејвис куп и Фед куп репрезентации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот