Малопротажбата во Британија со рекорден пад на прометот

Интернет продажбата достигна рекордно ниво.

Во април прометот на британската малопродажба забележа најголем пад откако се водат статистички податоци, а ова е одраз на последиците од ширењето на корона вирусот кој ги поттикна потрошувачите повеќе да купуваат преку интернет.

Прометот опаднал за 18,1 отсто во однос на претгодниот месец март, на најниско ниво од 1988 година. Во март се намали „само“ 5,2 отсто. На годишно ниво прометот забележува пад од 22,6 проценти.

Силен раст на прометот на месечно ниво е забележан само кај каталошката продажба како и продажбата преку пошта, телефон и интернет, за 18 проценти. Повторно е забележана зголемена побарувачка и продажба на алкохолни појалоци за 2,3 отсто.

Интернет продажбата достигна рекордно ниво.

Продажбата на облека потона за 50,2 проценти во однос на месец март кога имаше намалување од 34,9 отсто, покажуваат статистичките податоци. Уделот на продажбата преку интернет достигна рекордни 30,7 проценти. Во април минатата година тој изнесуваше 19.1 процент.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот