Мал пад на македонските тенисери на најновата АТП листа

фото: mtftennis.mk

На најновото рангирање на АТП листата македонските тенисери бележат мал пад. Калин Ивановски е на 308 место со 176 поени или пад за две позиции.

Горазд Србљак остана со осум поени, но сега се наоѓа на 1135 место, додека Обрад Марковски со шест поени е рангиран на 1232 место.

Нов предизвик за Ивановски оваа недела ќе биде Челинџер турнирот Грожицк Мазовиецки 100 што се игра во Полска за награден фонд од 118.000 евра. Турнирот се игра на тврда подлога, а први носител е Томас Махац од Чешка, кој е рангиран на 106 место на АТП листата.

Во конкуренција на двојки Ивановски има два поени помалку од претходната недела – 81 и се наоѓа на 617 место (пад од девет места).

Марковски е рангиран на 1027 позиција – 32 поена, Берк Бугариќ е на 1332 место на АТП листата со 16 поени. Србљак се наоѓа на 1922 место – четири поени, додека Елдин Хусеиновиќ е на 2022 позиција со три поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот