Макс Ферстапен е незапирлив, од 14 позиција до победа во Белгија

Макс Ферстапен ја забележа деветтата победа сезона во Формула 1/Ставелот, Белгија/28 август 2022/Фото: EPA-EFE/GEERT VANDEN WIJNGAERT

Возачот на „Ред Бул“, Макс Ферстапен, триумфираше на трката за Големата награда на Белгија, која го продолжи овогодинешниот шампионат во Формула 1 по летната пауза.

Бранителот на титулата на патеката „Спа Франкоршам“ ја постигна деветтата победа годинава, а вкупно 29-та во кариерата, откако стартуваше од 14 позиција поради промена на моторот.

Најблиску до холандскиот возач беше неговиот тимски колега Серхио Перес, додека Карлос Саинс во „Ферари“ беше на третото место на подиумот.

Во генералниот пласман сега води ферстапен со 284 бодови, а го следат Перес со 191 и Леклер со 186.

Возбудувањата ќе продолжат веќе следниот викенд со трката (15-та сезонава) за Големата награда на Холандија на патеката „Зандворт“.

ВИДЕО: Хамилтон се откажа во првиот круг на трката во Белгија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот