Макс Ферстапен доминираше на спринт трката во Белгија
Холандскиот возач Макс Ферстапен победи на спринт трката на Големата награда на Белгија и со тоа ја потврди својата доминација во Формула 1, а не го загржија ниту невозможните услови на Спа Франкоршам.
Препорачано
Квалификациите и самата спринт трка беа одложени поради силен дожд, возејќи зад „безбедносното возило“ и Ферстапен на „Ред Бул“ уште еднаш покажа дека е убедливо најдобриот возач на денешницата.
Приказната на денот се возачите кои дојдоа зад него. Оскар Пјастри од „Мекларен“, кому ова му е дебитантска сезона, успеа за првпат во кариерата да се искачи на подиумот, макар тоа беше и во спринт трка. Уште поголемо изненадување направи Пјер Гасли од „Алпин“ кој целта ја помина како третопласиран.
Бодови освоија и Карлос Саинц („Ферари“), Шарл Леклер („Ферари“), Ландо Норис („Мекларен“), Луис Хамилтон („Мерцедес“) и Џорџ Расел („Мерцедес“).
Кошмарен ден имаше Серхио Перез, кој во еден момент беше блиску до бодовите, но по контактот со Хамилтон, неговиот болид почна да откажува. Сите почнаа да го претекнуваат, па тој мораше да се откаже, исто како и Фернандо Алонсо кој го слави 42 роденден. Трката за ГН на Белгија се вози во недела од 15.00 часот, а „пол“ позицијата ја има Леклер.


