Макотекс го продаде хотелот во Лагадин за 609.000 евра

Акционерското друштво Макотекс на официјалната страна на Македонска берза објави дека е извршена продажба на хотелот кој се наоѓа во населбата Лагадин, а новиот сопственик е Монтенегрин-Инн од Охрид.

Како што стои во соопштението на друштвото, ова е во согласност со глава VI од Правилата за котација, при што известуваат дека е извршена продажба/отуѓување на недвижен имот во сопственост на друштвото (објект и земјиште), кој се наоѓа во населба Лагадин, имотен лист бр.293 за КО ЕЛШАНИ, на купувачот Трговското друштво за поредување, трговија и услуги МОНТЕНЕГРИН-ИНН увоз-извоз ДООЕЛ Охрид.

Според договорот, купопродажната цена изнесува 609.000,00 евра, во денарска противвредност според средниот курс на НБРМ на денот на плаќањето, со вклучен данок на додадена вредност, при што данокот на промет со недвижности го плаќа купувачот.

Сметководствената вредност на недвижниот имот на ден 31.12.2018 година (период на последни ревидирани финансиски извештаи), претставува 12,2261% од вкупните средства (книговодствената вредност на имотот) на друштвото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот