Македонските ракометари ќе играат против Чешка во баражот за СП 2023

Македонската ракометна репрезентација доби добра група во квалификациите за ЕП 2024/Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Денеска најдобрата македонска репрезентација загуби на реванш натпреварот во Букурешт против Романија (24:22) во рамките од првиот дел од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година.

Но, и покрај тоа што загубија играчите на селекторот Кирил Лазаров, благодарение на победата од осум голови разлика пред два дена во Скопје (30:22), обезбедија пласман во вториот бараж каде што е Чешка која е последна пречка на патот кон Мундијалот.

Во текот на првото полувреме нашите ракометари воглавно го контролираа резултатот, трипати имавме три голови разлика (2:5, 7:10, 8:11), но на пауза се замина со нерешени 12:12.

Не се покажавме во најдобро светло на овој меч, со доста грешки во нападот, иако и Романците не може да се пофалат во тој сегмент, но на крајот дојдоа барем до утешна победа.

Последен пат водевме на стартот од вториот дел со 13:14, а потоа Романците беа тие кои одржуваа предност, највисоката достигнуваше до „плус три“ (19:16, 20:17).

Најефикасен во нашите редови беше селекторот Лазаров со шест голови, три разпиша Кузмановски, а на спротивната страна шест погодоци веа дело на Хумет Гаминде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот