Фото: instagram.com/urkourko

Македонските кикбоксери со три медали на Светското првенство во Абу Даби

Македонската кик-бокс репрезентација го заврши својот настап на Светското првенство во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати.

Стефан Михајловски во категоријата кик лајт +94 кг. се закити со сребрениот медал. Во финалето нашиот борец со 3:0 загуби од Полјакот Рафал Гашчак.

Претходно Михајловски славеше победи над Михал Јанак од Словачка (3:0), Мостафа Јахка Мохамед Саад од Египет (3:0) и Блаж Поточник од Словенија (3:0).

Силвио Мировски (лоу кик, -71 кг.) и Бобан Илиоски (лоу кик, -86 кг.) се закитија со бронзени медали.

И останатите македонски репрезентативци имаа добри настапи и се стекнаа со вредно и големо искуство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот