Македонските кикбоксери подготвени за настапот на Светското првенство во Италија

Димитар Ѓоргиев стартуваше со две победи на СП во Џесоло Лидо, Италија/Фото: /facebook.com/WAKO-MACEDONIA

Нашиот национален Кик Бокс Тим е спремен за претстојното Кик Бокс ВАКО Светско првенство кое ќе се одржи во Италија во периодот од 15-24 октомври 2021 година.

Учесниците кои ќе настапуваат за нашата земја и кои ќе се обидат да се закитат со еден од медалите се:

81 кг Димитар Ѓеоргиев – лоу кик
-84 кг Климент Грозданоски – кик лајт
-89 кг Климент Грозданоски – кик лајт
-86 кг Бобан Илиоски – К-1
-63,5 кг Роберт Костовски – лоу кик
+94 кг Стефан Михајловски – кик лајт
-57 кг Филип Ризов – лоу кик
-63,5 кг Марко Тодоров – К-1
-65 кг Викторија Варадинова – лоу кик

Севкупно на ова СП ќе учествуваат 1418 кикбоксери од 69 држави.

Претходно нашите кик-бокс репрезентативци на меѓународниот турнир „Балкан опен“ во Тешањ (Босна и Херцеговина) освоија два златни и четири сребрени медали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот