фото: kick.rs

Македонските кикбоксери најуспешни на „Балкан Бест Фајтерс“ во Јагодина

Овогодинешниот Кик бокс куп „Балкан Бест Фајтерс“ беше во организација на Кик бокс клубот Ниш, во Јагодина, Србија.

На овој настан учествуваа над 500 натпреварувачи од 66 клубови од Молдавија, Бугарија, Македонија, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина, Словачка и Србија.

Најмногубројна екипа дојде од Македонија која броеше вкупно 211 натпреварувачи и на крајот како најуспешна на овој куп го освои првото место за ринг и за татами.

Севкупно нашите кикбоксери освоија 117 медали, од кои 32 златни, 34 сребрени и 51 бронзен.

Клубот за боречки вештини Будо учествуваше со осум натпреварувачи и освои пет медали под раководство на главниот тренер Александар Ристовски и Олгица Орешкова како помошник тренер.

Во Кавадарци клубот за боречки вештини Будо се враќа со три златни и два сребрени медали:

Надица Димитрова – 1 место Јуниорки Кик Лајт -60 килограми
Виктор Ифтимов – 1 место Јуниори Кик Лајт -94 килограми
Дарко Димитриев – 1 место Сениори Лоу Кик-ринг -63,5 килограми
Мартин Илков – 2 место Сениори Лоу Кик-ринг -74 килограми
Кристијан Милев – 2 место Јуниори Кик Лајт -69 килограми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот