Македонските каратисти подготвени за Светското сениорско првенство во Дубаи

прес карате
Тренерите очекуваат добар настап на нашите репрезентативци во ОАЕ/Фото: kfm.com.mk

Македонската карате репрезентација ќе биде дел од 25 Светско сениорско првенство кое ќе се одржи од 16 до 21 ноември во Дубаи, Обединети Арапски Емирати (ОАЕ).

Тренерот селектор во борби Александар Кузмановски вели дека во изминатиот подготвителен период направени се огромни напори за оваа репрезентација биде максимално подготвена за овој голем предизвик.

Кузмановски е задоволен од подготвеноста на натпреварувачите во делот на борби и очекува добар настап на овој планетарен собир.

Натпреварувачи кои ќе настапат во дисциплината борби во машка конкуренција: Фаик Весели -60 кг, Емил Павлов -67 кг, Петар Заборски -75 кг, Берат Јакупи -84 кг и Жарко Арсовски +84 кг и во женска: Сара Радичевска -50 кг, Јована Георгиева -55 кг, Вероника Костовска -61 кг, Ангела Мојсовска -68 кг и Симона Симовска +68 кг.

Тренерот селектор во кати Стојан Андриевски кажа дека од натпреварувачите кои ќе настапат во дисциплината кати Александар Неделковски и Пулексенија Јованоска е задоволен од одработеното во изминатиот период како и дека очекува од нивна страна достојно да ја претстават нашата држава.

Македонскиот каратист Весели освои бронза на Балканското првенство во Пореч

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот