Македонскиот каратист Весели освои бронза на Балканското првенство во Пореч

Фахик Весели преку репасажот стигна до најдобрите во категоријата -60 кг за сениори/Фото: kfm.com.mk

Фахик Весели освои бронзен медал во категоријата -60 кг за сениори на вториот ден од Балканското првенство што се одржува во Пореч, Хрватска.

Македонскиот каратист се закити со бронзен медал откако во првото коло го совлада Кристијан Лацковиќ од Хрватска со 2:0, во второто коло го совлада Србинот Милош Радојевиќ со 3:1, додека во третото коло по претходно водство сепак на крајот изгуби од словенецот Тамсе Никлас со 3:5.

Во репасажот извојува две победи, најпрво против Адел Карахасановиќ од Босна и Херцеговина со 6:2, а потоа и против Матија Бојиќ од Црна Гора со 4:1.

Останатите наши претставници имаа добри настапи, иако не стигнаа до борби за медали. Освоени се три петти места за Александар Неделковски во кати, Јована Георгиева и Симона Симовска во борби.

Едно седмо место за Сара Радичевска како и 2 деветти места за Жарко Арсовски и Ангела Мојсовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот