Македонските боксери ќе настапат на Балканското првенство во Турција

Нашите репрезентативци од 11-15 декември ќе земат учество на Балканското првенство во Анталија.

Македонија ќе ја претставуваат Јасин Љама (кој неодамна го освои „Златниот гонг 2019“), Гоце Јанески и Арсим Етеми.

Љама ќе настапи во категоријата 69 кг, Јанески во 75кг и Етеми во 81 кг. Овие тројца наши боксери настапија и на Европското првенство во Минск оваа година.

Покрај тројцата боксери на шампионатот ќе настапи и Стефан Цубалевски, тој ќе биде наш претставник кај судиите на Балканското првенство.

Ждрепката е денеска во 12.00 часот по локално време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот