Македонските атлетичари по медали на Балканското првенство во Истанбул
Атлетската федерација на Македонија ќе земе учество на Балканското првенство за сениори во сала кое ќе се одржи на 5 март 2022 година во Истанбул, Турција на кое учество ќе земат 22 држави членки на Балканската федерација со преку 350 атлетичари.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како наши преставници ќе учествуваат Јован Стојоски во дисциплината 400 метри со личен резултат и рекорд на Македонија 47,18сек, Дарио Ивановски во дисциплината 3000 метри со личен резултат и рекорд на Македонија 8:01.63 минути.
Како и Андреас Трајковски во дисциплината скок во далечина со личен резултат и рекорд на Македонија 7,65 см и 60 метри со личен резултат 6,90 секунди.
Со оглед на тоа дека сите тројца во овој дел од сезоната значително ги соборија и подобрија националните рекорди во своите дисциплини, а и самото учество на бранителот на титулата балкански шампион Дарио Ивановски кој минатата година донесе златен медал од ова првенство, федерацијата нескромно очекува повеќе медали.
Саатницата и стартните лиги можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА


