Македонскиот тенисер Марко Алексовски со два трофеи на турнирот во Подгорица
Младиот македонски тенисер Марко Алексовски уште еден турнир во младинска конкуренција го заврши со два пехари. Тој на турнирот за играчи до 16 години „Подгорица Универзал Капитал Куп“ во Подгорица, Црна Гора, триумфираше во двете конкуренции (сингл и двојки). На овој начин Алексовски ја потврди и фаворитската улога прв носител во сингл.
Препорачано
Алексовски во финалето во поединечна конкуренција го совлада со 2-0 во сетови (64, 61) вториот носител Оливер Крупа од Полска.
Сепак најтежок ривал му беше Србинот Лука Костиќ во полуфиналето. Тој против четвртиот носител Костиќ одигра три сета и со пресврт стигна до победата добивајќи ги двата тај брејка 2-1 (26, 76, 76).
Во првите две рунди ги совлада Брендон Хас од Австралија 2-0 (41, 40), и во четвртфиналето Петар Станковиќ (Црна Гора) 2-0 (41, 41).
Во конкуренција на двојки Алексовски турнирот го заврши како победник заедно со Русинот Сергеј Артемев. Тие не одиграа финален меч бидејќи противниците (Јон Бунткер (Германија) – Вукашин Павловиќ (Србија) поради повреда го предадоа мечот. Но, во полуфиналето успеаја да ги совладаат првите носители Костиќ и Крупа со 2-0 во сетови (53, 41).


