Фото: mtftennis.mk

Македонскиот тенисер Алексовски стигна до финалето на турнирот во Нови Сад

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски продолжува со успешните настапи оваа календарска година. Изминатава недела Алексовски како втор носител играше во финалето на турнирот во Нови Сад, Србија, од категорија 2 со што ја оправда и фаворитската улога.

Во првите три меча македонскиот тенисер постигна три победи од 2:0 во сетови. Во првото коло го победи Петар Травица од Србија препуштајќи само два гема (6:1 и 6:1), во следното коло го совлада Џејмс Бартон од Австралија со загубени четири гема (6:2 и 6:2, а нешто повеќе гемови одигра во третата рунда против Германецот Јон Бунткер (7:5 и 6:2).

Во четвртфиналето со пресврт стигна до победата над Романецот Стефан Сабо – 2:1 (3.6; 6:3 и 10:5 на поени), а во полуфиналето по голема борба исто така со пресврт го совлада Лука Костиќ од Србија со 2:1 (3.6; 6:1 и 6:2).

Серијата тешки мечеви остави трага и во финалето Алексовски беше поразен од првиот носител Павле Стојиљковиќ од Србија со 2:0 во сетови (6:2 и 6:2).

На турнирот настапија уште двајца македонски тенисери Дарјан Пановски и Алексеј Стојановски, кои беа елиминирани во второто коло, додека кај девојчињата настапи Стефанија Вељковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот