Македонскиот репрезентативец Димитријевиќ останува во клубот од Бадалона

twitter.com/Penya1930

Ненад Димитријевиќ се наоѓа на списокот на 12 кошаркари на кои смета стручниот штаб на екипата на Хувентуд за наредната натпреварувачка сезона.

На официјалниот фејсбук профил, клубот од Бадалона ги стави имињата и броевите на играчите кои ќе бидат на располагање за сезоната 2020/2021, а нашиот репрзентативен бек си ја задржува „нулата“ на дресот во „зелено-црна“ комбинација.

Претходно, постоеше опција македонскиот репрезентативец да направи трансфер и да биде нов играч на Валенсија, а уште една сезона да остане на позајмица во Хувентуд кој е негов матичен клуб и од каде ја почна својата професионална кариера.

Затоа сеуште не е целосно јасно каква ќе биде судбината на нашиот интернационалец, односно дали во новата сезона ќе игра во Еврокупот или Евролигата.

Хувентуд веќе ги доби ривалите во новата сезона од Еврокупот, а во продолжение како потсетување на на најубавата тројка на Нено во шпанската „Ендеса“.

Димитријевиќ со најубавата тројка за Хувентуд во шпанската „Ендеса“! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот