Македонскиот кајакар Љубомир Спасиќ освои прво место на Европскиот куп во Франција

Македонскиот кајакар Љубомир Спасиќ/фото: Кајак Кану Клуб Арка-Борец Велес

Во првото коло од Европскиот куп во кајак спорт на дива вода за 2024 година во Франција репрезентацијата на Македонија постигна одлични резултати.

Националниот тим беше во состав Љубомир Спасиќ, Кристијан Лазаров, Благој Гугинов и Александар Златаров, членови на велешкиот клуб ККК Арка-Борец Велес.

Во категоријата МК1 прво место освои Љубомир Спасиќ, а Кристијан Лазаров во категоријата ЈК1 се најде на третата позиција. Седмо место освои Благој Гугинов.

Во категоријата СК1 четвртопласиран беше Александар Златаров, додека Љубомир Спасиќ се најде на 10 позиција.

Второто коло од Европскиот куп во кајак спуст ќе се одржи во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот