Македонскиот борач Владимир Егоров се враќа без олимписка норма од Баку

фото: принтскрин/bfrsm.mk

По двете стартни победи, македонскиот борач Владимир Егоров во полуфиналето на квалификацискиот турнир во Баку, Азербејџан, за учество на Олимписките игри во Париз, загуби од домашниот натпреварувач Алибабас Разаде.

Во полуфиналната фаза Егоров загуби со 4:3 од Разаде и така остана без олимписка норма. Егоров беше најблиску до олимписката норма од која го делеше само еден поен.

Ниту еден од македонските борачи во слободен стил не успеаја во Баку да обезбедат норма, најпрвин во женска конкуренција во четвртфиналето поразена беше Вероника Рјабоволова во категоријата 53 кг.

Кај мажите (74 кг.) Расул Шапиев остана без осминафинале откако загуби со 4:2 од Зурав Капраев од Романија, додека Магомедгаџи Нуров (97 кг.) во осминафиналната фаза со 10:8 беше совладан од Молдавецот Раду Лефтер.

За нашата репрезентација нова шанса да се обезбеди нормал за ЛОИ 2024 е светскиот квалификациски турнир во Истанбул, Турција, кој ќе се одржи во мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот