Македонскиот борач Магомедов освои злато на силниот меѓународен турнир во Шпанија

фото: facebook.com/bfrsm.mk

Уште еден медал за македонското борење на силниот меѓународен турнир на светско ниво Гранд Прикс во Шпанија.

Денеска свои настапи имаа Ахмад Магомедов во категоријата 79 кг. и Магомедгаџи Нуров (97 кг.)

Нуров во четвртфиналето водеше со 3:0 против Јухван Сео од Јужна Кореја во првата рунда, но во втората поради повреда на нашиот репрезентативец, борбата заврши со победа за противникот.

Магомедов на стартот во осминафиналето со 11:1 триумфираше над Таир Шамсат од Казахстан, а потоа во четвртфиналето со 8:0 го елиминираше Иглесиас, натпреварувач од Шпанија.

И во полуфиналната борба беше убедлив Магомедов со победа од 1:0 против Канаѓанецот Бармиш. Во финалето за златниот медал македонскиот борач го совлада Нурзигит Мустафа од Казахстан (10:0).

Претходно во женска конкуренција со бронза се закити Вероника Рјабоволова во категоријата 50 кг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот