Вероника Рјабоволова со бронза на меѓународниот ГП турнир во борење во Мадрид

фото: facebook.com/bfrsm.mk

Бронзен медал за македонското борење донесе Вероника Рјабоволова на силниот меѓународен ГП турнир во Мадрид, Шпанија.

Нашата натпреварувачка во категоријата 50 кг. во борбата за бронзата ја совлада Американката Голстон со резултат 8:0.

Рјабоволова претходно ја запиша првата победа против Томчик од Полска со резултат 2:1, а потоа загуби од Џенезис од Нигерија (учесничка на Олимпијада) со 10:0.

Во Мадрид денеска своите настапи ќе ги имаат Могамедгаџи Нуров во категоријата 97 кг. и Ахмад Махомедов (79 кг.)

Како што најавија од федерација, борбите на Нуров и Магомедов можете да ги следите на ЛИНК1 и ЛИНК 2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот